Наставнички пленум: Покачувањето од 5 отсто е недоволно, ако буџетот е празен нека се намали администрацијата

by Фокус 23:42
23:42

Наставничкиот пленум преку писмено соопштение изрази незадоволство од најавеното покачување на платите во образованието од 5 проценти.

„Платите на просветните работници во Македонија се едни од најниските во регионот. Дополнително, наставниците не добиваат надоместоци за својата прекувремена работа која не ретко се одвива и за време на викенд, па оттука највеното зголемување за 5 проценти ниту ќе придонесе за поголема мотивираност на наставниците, а со тоа и подобрување на квалитетот на наставниот процес, ниту суштински ќе го подобри животниот стандард на таргетираните“, стои во реакцијата на Наставничкиот пленум.

- Advertisements -

Од таму додаваат дека очекуваат реално зголемување на платите во овој сектор.

„Доколку буџетот е празен, советуваме мерките за штедење да се остварат преку редукција на гломазната администрација во сектори каде реално нема потреба од толкав број административци, а не преку грбот на секторот образование каде училиштата сѐ уште сe соочуваат со недостаток на стручни кадри: педагози, психолози, дефектолози и други стручни лица. Во спротивно, оваа најава ќе ја сметаме за навредлива и популистичка мерка на Владата на РМ со која се обидува да се дотолчи и онака прегазеното достоинство на просветните работници во земјава“, се наведува во реакцијата.

Поврзани новости