Заев ќе го добие мандатот од Иванов во четврток?

by Фокус

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најверојатно ќе го добие мандатот за состав на нова влада од претседателот Ѓорге Иванов во четврток, еден ден пред истекот на законски предвидениот рок, брифираат од претседателскиот кабинет.

-Најважно е што постои волја да се реши ситуацијата и веруваме дека на 18-ти ќе завршиме се – велат добро упатени извори од кабинетот на шефот на државата.

Кабинетите на Иванов и на Заев неколку пати досега ги усогласуваат писмените гаранции на половина страна, кои предвидуваат дека новата влада ќе го почитува Уставот и да го наруши унитарното уредување на државата.

Од СДСМ истакнуваат дека се обидуваат на конструктивен начин да го добијат мандатот од Иавнов, меѓутоа доколку тоа повторно не се случи, од таму најавуваат дека ќе формираат влада и без мандат.

-Колку да се апсурдни, ние доставивме гаранции, бидејќи и онака треба да чекаме да помине тој рок од 10 дена. Но, ако Иванов повторно најде изговор да не го даде мандатот, ние секако ќе формираме влада – велат социјалдемократите.

В.С.

 

Поврзани новости