Обвинителството гони поранешен министер и актуелен директор на НЛБ Тутунска Банка за перење на пари

by fokus

Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција предмалку ја информираа јавноста дека оформиле предмет против поранешен и актуелен директор на НЛБ Тутунска Банка, поранешен министер, адвокат, нотар и други лица, како и едно лице државјанин на Република Словенија. Оттаму појаснуваат дека постои сомнеж за сторени кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 и Перење пари од член 273 од Кривичниот законик.

-Постојат сомненија дека во периодот од 2006 до 2017 година биле преземани дејствија за основање на фирми, подигање на кредити и пренесување на парични средства во Словенија и во австриски фирми, а потоа дел од средствата се инвестирани во основање на нови фирми и купување на недвижен имот на подрачјето на град Битола. Со цел да утврди факти и да обезбеди докази, обвинителството во соработка со Министерството за внатрешни работи издаде наредби за анализа на финансиски трансакции и обезбедување на целокупниот доказен материјал од имотна, финансиска и управна природа., се наведува во соопштението на обвинителството.

Поврзани новости