ВМРО-ДПМНЕ: Нашите луѓе не се во бегство и не се кријат

by Фокус

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ испрати демант на пишувањата на одредени медиуми дека осомничените во случајот „Титаник“, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески ја напуштиле државата или се кријат во странски амбасади.

-Луѓето од ВМРО-ДПМНЕ, за кои што пласирате дезинформации дека наводно се во бегство или наводно побарале прием во странски амбасади, ниту се во бегство, ниту побарале прием во било која амбасада. Крајно непрофесионалното постапување и грубото дезинформирање наложено од штабот на СДСМ може да го проверите со најобичен повик до сите амбасади, им се обратија од ВМРО-ДПМНЕ на медиумите кои објавија вакви информации.

Поврзани новости