Јанакиески во моментов е на распит, Јанкулоска чека ред

by Фокус

Откако заврши распитот на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, во моментов поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, дава исказ пред судија на предистражна постапка, објавува сајтот Мкд.мк.

Во Судот се и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, секретарот на Владата, Кирил Божиновски и другите обвинети за злосторничко здружување и изборни манипулации, кои го чекаат својот ред за да дадат исказ.

Адвокатот на Едмонд Темелко побарал да не му биде одредена мерка притвор како што побара Специјалното обвинителство, туку таа да се замени со мерка куќен притвор и одземање на пасошот. Истражниот судија до утре наутро ќе реши дали на осомничените ќе им одредни мерка притвор.

Поврзани новости