Специјалното обвинителство ќе ги гони и Црвенковски, Ахмети и Бучковски?

by Фокус 19:06
19:06

Специјалното јавно обвинителство на денешната пресконференција за случајот „Титаник“, соопшти дека отворило предистражна постапка за случајот „Маѓар Телеком“ и аферата „Надеж“. Специјалното обвинителство го побарало случајот „Маѓар Телеком“ од Обвинителството за организиран криминал, а за аферата позната како „Надеж“ е изготвено писмо со барање за достава.

За првиот случај, Богоевски пред судот во Њујорк, а подоцна и пред македонските истражни орагани, сведочеше грчкиот магнат Кондаминас, освен на тогашниот премиер Владо Бучковски, пет милиони евра преку посредник во Тетово им дал на Али Ахмети и на Муса Џафери.

- Advertisements -

За аферата „Надеж“ пак, Антикорупциска комисија имаше побарано да се утврди кривична одговорност за поранешниот претседател на државата, Бранко Црвенковски и за членови на неговиот кабинет поради сомнение дека противзаконски и ненаменски потрошиле 340.000 евра за консултантски услуги за тројца словенечки експерти. Но, и овој случај не беше целосно расветлен.

 

Поврзани новости