Владата со технички овластувања нема овластување да потпишува вакви договори на неколку дена пред заминување, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, откако денеска министерот за здравство во заминување Никола Тодоров, потпиша договор за изградба на нов клинички центар со три компании. 

– Ќе бидат преиспитани и процедурите преку кои во последен момент пред трансферот на власта Тодоров и соработниците влегоа во договор за изградба на нов клинички центар. Немаше да чекаат да станат опозиција за да потпишуваат договор за нов клинички центар, кој го ветија во 2012 година. Новата реформска влада ќе го врати концептот на единствен универзитетски клинички центар – рече Шилегов.

 

 

 

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.