Шилегов: Спасов возел пијан, а после сообраќајката избегал! ВИДЕО

by fokus

Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ му порача на Диме Спасов да се повлече и да не се појавува во јавност.

„Тој повеќе нема никаков морален и политички кредибилитет да зборува за грижа за граѓаните. Затоа што на дело што се виде како се грижи за нив. Ќе нанесе штета и ќе избега. Македонија не заслужува ваква неодговорна власт. Власта на Груевски не смее повеќе да ја води државата“, вели Шилегов и продолжи:

„Оваа власт на Никола Груевски е опасна по живот и мора да замине. Секој нов ден со нив, загрозени се животите на нашите деца, нашите имоти и безбедноста на граѓаните, изјави Петре Шилегов, портпарол на СДСМ, денеска пред местото каде што, синоќа, Диме Спасов, дополнителен заменик министер за труд и социјална политика, како што рече, пијан, со службено возило удрил неколку возила и избегал.

Спасов е човекот кој со години управува со градинките, онаму каде што се згрижуваат нашите деца. Уште колку жртви треба однесат овие луѓе со сопствената аздисаност? Што ако на улицата, на овој паркинг имало деца, тинејџери, граѓани? Дали и тогаш ќе избегал?

После сообраќајката Диме Спасов избегал. Ова ја покажува врвната неодговорност на кадрите во оваа Влада, којашто така и го почна својот мандат. Со убиство на млад човек. Диме Спасов, не само што бил пијан, туку и користел службено возило надвор од работно време, и тоа возилото во сопственост на Агенцијата за вработување!  Кој и како му дозволил на Диме Спасов да користи службено возило на Агенцијата за вработување? Ова претставува класична злоупотреба на институциите, класична злоупотреба на имот на граѓаните, на имотот на Република Македонија – рече Шилегов.

Поврзани новости