Пожарите на Матка и Македонски Брод уште активни

by fokus

Пожарите на Матка и во атарот на село Требовље кај Македонски брод се уште се активни, соопшти Центарот за управување со кризи.

Како што јави МИА, пожарот кај браната Матка е се уште активен, но само чади на непристапен срт (карпи) во близина на браната и не се шири. Екипата на ЈП Паркови и зеленило постојано го следи пожарот.

Во гаснењето на пожарот кај Требовље се ангажирани АРМ и месното население, додека силите на ЈП Македонски Шуми се пренасочени на пожарот кој се ширеше кон местото Фојник, пишува агенцијата.

Активни пожари има и во атарот на селото Дрен – Смолани, во атарот на селото Могилец и во атарот на селото Близанско. Си намален интензитет е пожарот во село Слатина, додека во Тетовско е активен пожарот во селото Корито каде интервенира месното население.

ЈП Македонски шуми интервенира и на пожарот над селото Сиричино, каде гори сува трева и огнот се движи кон сртот на Жеден, но нема опасност по локалното население.

Во селото Гургурница каде гори сува трева исто така интервенираат ЈП Македонски шуми и претставници на општина Брвеница, додека пожарот кај селата Барово, Чифлик и Св. Петка е локализиран, како и пожарите во Подвис и село Девич објави МИА.

Делумно се локализирани и пожарите на Караџица, кај селата Морани и Орешани, а дежурните екипи се на терен. Ставен е под контрола и пожарот над село Растеш од страна на војската и месното население, но не е исклучено во текот на денот истиот да се прошири кон Заград и Битово.

Поврзани новости