Топлотен бран – да се избегнува сонце од 11 до 17 часот

by fokus

Да се носи лесна и светла облека, да се пијат најмалку два литра течности на ден, да се јаде повеќе овошје, зеленчук и свежа храна, како и да се намали интензитетот на физички активности.

Ова се главните препораки за граѓаните во услови на енормно високите температури и т.н. портокалова фаза што ја зафати Македонија од страна на институциите.

Од Министерството за здравство велат дека треба да се избегнува директна изложеност на сонце и работа на отворено, особено од 11-17 часот.

На хронично болните им се препорачува редовно земање на препишаната терапија, а при појава на каков било здравствен проблем треба да го контактираат својот матичен лекар.

Министерство за труд и социјална политика со поддршка од Црвениот крст информира дека викендов ќе спроведува активности за згрижување на бездомните лица.

Поврзани новости