Главен за шверцот со цигари е Мирослав Мишковиќ!

by Фокус

Фељтонот за прв пат беше објавен во август 2010 година.  Ова е третиод дел од кривичната пријава на Станко Суботиќ против сите негови српски душмани, а на овој линк го имате вториот дел од фељтонот.

Откако беше номиниран за претседател на владата, Воислав Коштуница во март 2004 година го прошири кругот на своето злосторничко здружение и повеќе не се задоволуваше да ме напаѓа само преку медиумите. Зајакнат од својата нова власт и можностите на дејствување кои произлегуваа од неа, тој се одлучи за економски напади и се насочи против моите компании.

Неговата прва и главна цел беше да се здобие со компанијата „Футура“, која беше најголемата дистрибутивна куќа на весници во Србија. Јас поседував половина од сопственоста на компанијата „Футура“, додека втората половина и припаѓаше на германскиот медиумски гигант ВАЦ, во чија сопственост беа половина од весниците во Србија. ВАЦ имаше желба да ја прошири својата активност и да го купи високотиражниот дневен весник „Вечерње Новости“.

Со ВАЦ се договорив дека ќе преговарам околу превземањето на тој весник и после таа зделка склучив договор со ВАЦ на 27 јануари 2005 година. Подоцна ја ангажирав адвокатската канцеларија Ристивојевиќ од Белград, која започна со анализа на досието и можноста да дојде до реализација на таа трансакција.

 

КОШТУНИЦА БАРАШЕ ВАЦ ДА ОДИ ПРЕКУ МИШКОВИЌ И БЕКО

Дејан Михаилов, кој беше секретар на срската влада и еден од најблиските соработници на Воислав Коштуница, го испрати својот кум Драги Мичовиќ кај мене, за да дискутираме за преземањето на
„Вечерње Новости“ и процесот на реализација.

Драги Мичовиќ ми даде до знаење дека Воислав Коштуница инсистира Мирослав Мишковиќ и Милан Беко да учествуваат во трансакцијата и дека „Вечерње Новости“ треба да се преземат со посредство на нив двајцата, за во јавноста да се покаже дека купувачите на акции се домашни инвестотири, а подоцна акциите да се продадат на ВАЦ, со напомена дека продажната цена би била уплатена на сметките на луѓе од доверба на Воислав Коштуница.

Мирослав Мишковиќ и Милан Беко се придружија на злосторничкото здружение на Воислав Коштуница, бидејќи тој стана председател на владатата и беа подготвени да направат се што тој од нив бараше, бидејќи му беа должници.

Милан Беко беше поврзуван со проневера од неколку милиони евра, износи кои беа направени во текот на продажбата на Телекомот на грчки и на италијански инвеститори. Воислав Коштуница обезбеди Милан Беко да не биде кривично гонет, а тој за возврат ја финансираше неговата партија.
Мирослав Мишковиќ беше член на владата на Слободан Милошевиќ во исто време како и Душан Михајловиќ и Милан Беко и нивното пријателство постои од тоа време.

Операцијата „Мрежа“, која Душан Михајловиќ ја водеше во тајност, покажа дека главниот виновник за шверц на цигари е всушност Мирослав Мишковиќ и неговата компанија „Делта“. Душан Михајловиќ намерно ја сокри таа информација и на Мирослав Мишковиќ му беше во интерес, јас да бидам именуван за шеф на шверцерската организација, со цел да го отргне вниманието од себе.

Со оглед на неговото политичко минато, сите беа изненадени кога го видоа Мирослав Мишковиќ покрај Воислав Коштуница на неговата инаугурација на 7 октомври 2000 година, одржана во „Сава центар“. Беше евидентно дека Мирослав Мишковиќ својата лојалност ја искажува низ финансиска поддршка за партијата на Коштуница.

Затоа немав друг избор, освен да ги задоволам барањата на Воислав Коштуница, па, поради тоа контактирав со Милан Беко и Мирослав Мишковиќ, кои претходно ги имав сретнато повеќе пати. На тие средби разговаравме за условите на продажбата, во присуство на претставниците на ВАЦ, Срѓан Керим и Бодо Хомбах.

БЕКО ЗЕМА ДВЕ ТРЕТИНИ ОД ЦЕНАТА ШТО ЈА ПЛАТИ ВАЦ

Преговорите беа конечно завршени и договорите беа потпишани во име на мојата компанија од Лихтенштајн, „Сента Ханделсансталт“, која ВАЦ ја ангажираше како консултант и како гаранција за таа трансакција.
ВАЦ го депонираше износот кој одговараше на вредноста на трансакцијата на сметка која беше отворена на име на компанијата „Сента Ханделсансталт“, а подоцна парите од таа сметка беа префрлени на сметките на компаниите на Милан Беко: „Стадлуџ СА“, „Ардос Холдинг ГмбХ“, „Тримеџ Инвестментс ГбмХ“ и „Карамат Лтд“.

Милан Беко ги купи акциите на Вечерње Новости за третина од вредноста на цената која што ја плати ВАЦ, а за себе задржа две третини. И покрај тоа што со внимание ги следев инструкциите од Воислав Коштуница, кои ми беа пренесувани од страна на Мирослав Мишковиќ и од Милан Беко, трансакцијата беше одобрена од страна на српската влада, но, сепак проблемите се појавија во моментот кога требаше да се префрлат акциите на ВАЦ.

Таа операција наиде на опструкција, бидејќи одеднаш се појави потреба за добивање на потребна дозвола од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата, иако тој услов никогаш порано не беше споменат!

Во тој момент, Воислав Коштуница, со помош на Дејан Михаилов, Мирослав Мишковиќ и Младен Беко, започнаа да ме уценуваат, назначувајќи ми дека ВАЦ не може да бара трансфер на акциите, бидејќи во спротивно учеството на ВАЦ во сопственоста на дневниот весник „Политика“ ќе биде доведено во прашање.

На крај, акциите никогаш не беа префрлени на ВАЦ, а со тоа јас не го исполнив своето ветување што го имав кон ВАЦ. Штетата која што ја претрпев е огромна и изнесуваше околу 20.000.000 евра. За разлика од мене, злосторничкото здружение на Воислав Коштуница прифитираше од тие пари.

Парите беа основен мотив на злосторничкото здружение. Тој покрена кривична постапка против мене, во мометнот кога со државата преговарав за тој договор. Иако официјално не бев информиран за покренувањето на таа постапка, а уште помалку повикан на сослушување од страна на полицијата или судија, беше издаден налог за мое апсење во јуни 2007 година.

Поради тој налог за апсење, јас не бев во можност да излезам од Србија, што ме оневозможи да продолжам со преговорите и генерално, да не се занимавам со мојот бизнис.

Злосторничкото здружение, и покрај тоа, не ме остави на мир, бидејќи нивната цел беше потполно да бидам уништен. Со изговор дека сака да влеземе во заедничка инвестиција, Мирослав Мишковиќ ме намами да дојдам на еден состанок на 6-ти јуни 2007 година, на кој беше присутен и Драги Мичковиќ.

Во текот на тој состанок, примив повик од главниот уредник на дневниот весник „Прес“, кој ме информираше дека сите членови на мојата група биле уапсени. Бараше од мене да му кажам каде се наоѓам и дали имам коментар за тоа!

 

НАЈДОВ КУПУВАЧ ЗА ОСТРОВОТ СВЕТИ МАРКО

Треба да се истакне дека Мирослав Мишковиќ е сопственик на дневниот весник „Прес“ и дека ја контролира нивната работа. После тој повик, Мирослав Мишковиќ ми даде предлог целиот мој имот да го пренесам на негово име, за да го избегнам конфискувањето од страна на државата.

Јас тоа го одбив, бидејќи бев свесен дека се работи за заговор помеѓу главниот уредник на „Прес“ и Мирослав Мишковиќ, за да го добијат мојот имот.

Малку подоцна, Милан Беко исто така ми предложи на негово име да го пренесам својот имот. Милан Беко го искористи негативниот имиџ кој што го имав поради налогот за апсење, издаден против мене, за да стане мој близок пријател, кој наводно сака да ми помогне и кој тврдеше дека е целосно свесен дека обвинувањата против мене се неосновани.

Иако во Белград важев за еден од најопасните криминалци во Европа, Милан Беко често доаѓаше кај мене во посета и ми ги нудеше заедничките бизниси. Така, во текот на 2007 година, се здружив со Милан Беко за превземање на одредена актива на српската компанија „Путник“, односно, на островот Свети Марко во близина на Тиват, во Црна Гора. Мојата улога беше да најдам купувач.

Започнав преговори со една руска компанија која беше заинтересирана за едно таково превземање. Српската влада и назначи на заинтересираната руска компанија дека трансакцијата мора да се изврши преку Мирослав Мишковиќ и Милан Беко.

Таа зделка требаше да донесе 34.500.000 евра, од кои една третина требаше да му припаднат на Милан Беко, а две третини на мене. Рускиот купувач го исплати целиот износ на сметка на една од компаниите на Милан Беко, но тој не го уплати мојот дел кој изнесуваше 23.000.000 евра.

Милан Беко ми рече дека треба да бидам трпелив, бидејќи требал да направи неколку одделни трансфери за да се прикрие нивната трага, а со тоа и да се избегне плаќањето на данок во Србија, како даночен обврзник. Иако во текот на трансакцијата Беко беше во секојдневен контакт со мене, одеднаш го прекина контактот и не ми ги уплати парите кои ми ги должеше.

После две години, на мое инсистирање, Милан Беко изврши неколку уплати во моја корист на сметка на други офшор компании, и тоа на основа на фиктивни бизнис зделки, во вкупен износ од 15.000.000 евра.

Никогаш не ги добив останатите 8.000.000 евра, за кои подоцна се утврди дека Милан Беко всушност ги искористил за набавка на пристаниште во Белград, заедно со Мирослав Мишковиќ и останатите членови на злосторничкото здружение!

 

КРИВИЧНА ПОСТАПКА

После смртта на Зоран Ѓинѓиќ, судскиот процес кој беше започнат против неговите убијци, а сите беа членови на „Црвените баретки“, беше затворен, и после бројните инциденти беа донесени различни казни, изречени во 2007 година.

Тие пресуди предизвикаа незадоволство кај лицата што го следеа процесот, бидејќи беше евидентно дека вистинските наредбодавачи на убиствата не се во опасност.

Соочен со гневот на јавното мислење, Специјалниот обвинител за организиран криминал, Слободан Радовановиќ, на кого му беше доверен процесот, даде ветување дека ќе спроведе истрага, за да фрли светло на претпоставената улога на Воислав Коштуница и на неговите соработници во оганизацијата на атентатот.

Меѓутоа, обвинителот Радовановиќ ги згази своите ветувања и подоцна даде изјава дека истрагата ќе опфати неколку лица кои тесно соработувале со покојниот претседател на владата. Таа изјава го означи враќањето на дебатата околу Зоран Ѓинѓиќ и шверцот со цигари, иако таа тема не беше дел од ветувањата дадени на крајот од процесот против атентаторите на Ѓинѓиќ.

Тогаш, небаре со волшебно стапче, обвинителот Слободан Радовановиќ од своите фиоки го извади досието за шверцот со цигари и на 7 јуни 2007 година даде налог да се спроведе истрага за шверцот со цигари за периодот од 1995-1996 година, во која беа опфатени петнаесеттина луѓе, вклучувајќи ме и мене (доказ 39).

Од самиот почеток беше јасно дека јас сум главната мета. Слободан Радовановиќ постапуваше под наредба на Зоран Стојковиќ, кој беше министер за правда во владата на Воислав Коштуница. И двајцата правеа се, противниците на режимот да бидат кривично гонети, додека луѓето на Воислав Коштуница уживаа имунитет, потполно спротивен на законот.

Истрагата не беше директно покрената против мене, но, ми оневозможи да ги користам своите права, така што ниту моите адвокати, ниту јас, немавме пристап до досието.

 

ЈА ОДБИЈА КАУЦИЈАТА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА

Истрагата беше доделена на Посебното одделение за организиран криминал при Општинскиот суд во Белград. Меѓутоа, во согласност со самата кривична процедура, една таква постапка не е возможно да се води, освен ако бараните лица се сосема непознати. Таков не беше случајот овде, што произлегува од кореспонденцијата помеѓу полицијата и Обвинителството, дека лицата против кои е водена постапката се познати.

Само што започна втората фаза на постапката, после прелиминарните истражни работи, кои беа водени на начин кој што беше опишан, обвинетите беа повикувани.

Иако секогаш се држев до тоа, да бидам на располагање на полицијата и на правосудните органи, никогаш не бев повикан да бидам сослушан, ниту во текот на полициската истрага, ниту во текот на судската фаза на оваа кривичната постапка.

На тој начин, иако ниту еднаш не бев сослушан, против мене беше подигнато обвинение, за кое понудив кауција од 2.000.000 евра, како гаранција дека ќе се одзивам на судските покани. Но, судот ја одби таа понуда и постапката беше продолжена во мое отсуство.

Моите права на тој начин беа очигледно прекршени и таа постапка се претвори во вистинска фарса, која е совршен одраз на нефункционирањето на српското правосудство.

Мојот адвокат се обиде на сите начини да се здобијам со фер судење, но, сите негови барања беа одбиени и на тој начин никогаш не бев во можност да ги бранам своите права пред судот кој што ми судеше.
Како резултат на флагрантното прекршување на моите права, мојот адвокат се обрати до Европскиот суд за човекови права, со претставка која е поднесена на 27 декември 2007 година (доказ 57).

Исто така, треба да се потенцира дека моите права не беа прекршени само од процедурална страна, затоа што обвинувањето (доказ 40) е полно со фактички грешки, кои не бев во можност да ги исправам.
Пред се, наведено е дека јас сум го организирал злосторничкото здружување со помош на високо позиционирани државни функционери, кои беа одговорни за раководењето на шверцот и дистрибуцијата на цигари во Србија.

Понатаму, тотално погрешно и без било каков доказ беше наведено дека сум се сретнал со Михаил Кертес, кој беше на чело на Дирекцијата на сојузните царини, кој пак беше поврзуван со господинот Попивода (задолжен за Државна безбедност) и г. Зависиќ (задолжен за Јавна безбедност).

Меѓутоа, општо е познато дека во тој даден временски период од 1995 -1996 година, јас бев поврзуван со опозиционата политичка партија, додека, пак, Михаил Картес беше еден од најблиските соработници на Слободан Милошевиќ!

 

ДРЖАВАТА ОРГАНИЗИРАШЕ ШВЕРЦ СО ЦИГАРИ

Доколку е точно, дека во текот на тој период постела паралелна мрежа на дистрибуцијата со цигари, која беше објавена на маргините на официјалната дистрибутивна мрежа, таквиот бизнис не можел да се обавува без одобрение на најголемите сфери на моќта, а не со помош на поединци или приватни компании.

Во врска со ова, важно е да се потсети дека Сојузна Република Југославија во тоа време беше под економски санкции кои беа наметнати од страна на Обединетите нации, а дека владата на Слободан Милошевиќ неофицијално соработуваше со останатите држави во регионот, заради ублажување на санкциите и слободен проток на стока.

Во тој контекст, од страна на државата беше организиран шверц со цигари. Беа постигнати договори со државите кои сакаат да соработуваат во таа паралелна трговија, а во тие договори во детали се предвидуваа дневните контингенти на стока, видот на стоката, одобрените извозници и увозници и слично.

Благодарејќи на таа паралелна активност, државата можеше да создаде тајни резерви, кои беа користени за финансирање на тајни операции, во интерес на државата.Апсолутно не е логично, да се сметам јас за создавач на шверцерската организација, бидејќи во тоа време бев сопственик на продавница во бесцаринската зона во Бар, Црна Гора, и на граничниот премин Генерал Јанковиќ, кои беа одобрени од страна на државата. Обртот на средствата од тие продавници изнесуваше неколку милиони германски марки и поради тоа немаше никаква смисла да ја напуштам таа дистрибуција на цигари.

Од направениот увид во обвинението, се открива дека Специјалниот обвинител наводно отворил истрага по налог на Министерството за внатрешни работи во февруари 2006 година, која се базира на извештајот направен од страна на министерот Душан Михајловиќ.

Меѓутоа, како што се споменува, тој извештај нема никаков авторитет, бидејќи е направен на тотално незаконит начин, со една цел, да им послужи за уцена.

Постапката, која е покрената притив мене од страна на Специјалниот обвинител, и овозможи на белградската полиција, под команда на Министерството на внатрешни работи, да издаде налог за мое апсење на 8 јуни 2007 година, за направена измама.

 

ДИЈАБОЛИЗАЦИЈА НА МЕДИУМСКАТА КАМПАЊА

Во текот на 2009 година, злосторничкото здружение започна нова медиумска кампања против мене, која беше поостра од претходната.

Таа имаше за цел да ги пополни дупките во недоречената кривична постапка, во чии рамки обвинителството немаше сериозни докази против мене. Тоа се косеше со целта на злосторничкото здружение, кое сакаше да го оневозможи моето враќање во Србија и да ми се одземе имотот со помош на илегални дејствија.

Алармот беше даден кога моето интервју, објавено во хрватскиот весник „Јутарњи лист“, на 12 мај 2009 година, беше објавено и на веб-страницата на весникот „Борба“, преведено на француски и на англиски јазик (докази 41 и 42). Во текот на интервјуто, цитирав некои од припадниците на злосторничкото здружение, кои со години работеа против мене.

Плашејќи се јавно да не ги објавам сите компромитирачки информации, кои ги поседував во врска со илегалните активности на злосторничкото здружение, тие одлучија да реагираат.

Злосторничкото здружение поседува широка мрежа, а меѓу своите членови во медиумите, го вбројува и Александар Тијаниќ, директор на Радио Телевизија Србија (РТС), кој не само што беше поврзан со Воислав Коштуница, туку и со Мирослав Мишковиќ, Милан Беко и со црногорскиот политичар Небојша Медојевиќ.

Александар Тијаниќ и Ратко Кнежевиќ беа финансирани од страна на Мирослав Мишковиќ и Милан Беко.
Благодарение на една таква мрежа, Иво Пуканиќ можеше да реализира емисија која беше прикажана на српската национална телевизија РТС, каде што тој го обвини Зоран Ѓинѓиќ дека е криминалец. Изнесе многу неосновани тврдења на сметка на Србија и на Србите воопшто.

Од втората половина на 2009 година, започна нова медиумска кампања против мене. Треба да се подвлече дека тој вид на кампања, никогаш не е воден против ниту една друга личност во Србија и дека сум избран како мета на злосторничкото здружение.

Овој пат, кампањата беше покрената во повеќе земји истовремено. Во Хрватска преку „Национал“, во Црна Гора преку „Вести“, чиј главен уредник е Љубиша Митровиќ, и преку „Дан“, чиј В.Д. директор е Младен Милутиновиќ, во Србија преку „Блиц“, кој е весник со најголем тираж во Србија, чиј уредник е Веселин Симоновиќ.

Злосторничкото здружение повторно го искористи Ратко Кнежевиќ, кој беше охрабрен од фактот дека веќе ширел многу лаги во минатото, без било каков вид на санкција.

 

МЕ НАПРАВИЈА И УБИЕЦ, САМО ЗА ДА МИ ГО ЗЕМАТ ИМОТОТ!

Ратко Кнежевиќ повторно започна да ме обвинува за шверцот со цигари, но подоцна ги интензивираше своите напади, обвинувајќи ме мене дека сум одговорен за цела низа на убиства, кои се случија во Србија и околината во текот на претходните години.

Ратко Кнежевиќ отиде толку далеку, што ме обвини дека сум го нарачал убиството на Иво Пуканиќ, сопственикот на „Национал“. Таа информација ја пренесе „Блиц“, бидејќи неговиот главен уредник Веселин Симоновиќ стана дел од злосторничкото здружение.

На тој начин, во текот на повеќе месеци, во континуитет бев на насловната страница на Блиц, но, и во другите водечки весници, кои тврдеа, често пати со поголем број тотално невтемелени детали, дека сум нарачател на убиството на Иво Пуканиќ.

Меѓутоа, не постои ниту еден доказ дека сум поврзан со тие убиства. Никогаш не бев предмет на ниту една истрага во врска со тоа, ниту во Србија, ниту во Хрватска.

Злосторничкото здружение не застана на тоа, туку започна да ме поврзува со секаква криминална активност, која се објавуваше на насловна страница. Блиц тврдеше дека сум одговорен за заканите упатени кон Борис Тадиќ, како и за закана за смрт упатена кон министерката за правда, Снежана Маловиќ. Моето име беше поврзувано со шверцот на кокаин од Јужна Америка.

Се беше организирано, за да бидам претставен како ноторен криминалец и човек вон законот. По пат на дискриминација, злосторничкото здружение настојуваше да влијае на постапката која беше во тек, создавајќи ми негативен имиџ, така што било каква друга пресуда да биде невозможна освен осудителна.
Повторувам дека парите беа главна мотивација, така што моите противници гледаа на секој начин да дојдат и до мојот имот во Србија.

Тие маневри вродија со резултат, бидејќи ми беше одземена компанијата „Футура Плус“.
Таа компанија имаше 3.500 вработени и вредеше 200.000.000 евра. Нејзините најголеми кредитори беа мои компании, но, сепак беше ставена под принудна управа на државна контрола.

На тој начин, државата исто така го заплени плацот за изградба кој што припаѓаше на таа компанија. Тоа земјиште се наоѓа на стратешка положба, бидејќи е во близина на аеродромот и неговата вредност е најмалку 150.000.000 евра.

Исто така, ми беше запленет недвижен имот што го поседувам во Србија, чија вредност се проценува на преку 30.000.000 евра, како и недвижен имот во Црна Гора, чија вредност е околу 15.000.000 евра.

 

МИ БЕШЕ ЗАГРОЗЕН И ЖИВОТОТ

Овие мерки на запленување се донесени потполно произволно и непропорционално, со оглед на тоа што штетата која што државата ја наведуваше против мене изнесуваше 2.000.000 евра, односно, износ кој што е многу помал од вредноста на запленетиот имот.

Евидентно беше дека моите права не се ни малку почитувани во текот на таа постапка, и поради тоа што судот беше изложен на таков притисок, немаше друг избор туку да ме осуди.

Уште полошо од тоа беше фактот што не само што бев вовлечен во процедура која што не ги почитуваше основните правни постапки, разните уцени, оневозможувањето да работам и да располагам со сопствениот имот, покрај сето тоа, ми беше загрозен и животот.

Методот што го користеа моите противници беше користен и во минатото, при убиството на претседателот на владата Зоран Ѓинѓиќ.

Со користењето на тие методи, личноста се дискредитира и се претставува како ноторен криминалец. Подоцна, физичкото отстранување може да се претстави како пресметка меѓу криминалното подземје.

Користењето на вистинските криминалци за извршување на такви нечисти работи често се практикува од страна на српските разузнавачки служби, и тоа веќе неколку години. На тој начин беа ликвидирани бројни политички дисиденти во текот на деведесетите години. Во тој период, на мета беа бизнисмени кои не прифаќаа да подлегнат на уцена и на корупција или кои не прифаќаа да се впуштаат во илегални работи.

Јас се вбројувам во таквите лица и како таков имам причина да се чувствувам загрозен.
Медиумската кампања која беше водена против мене не престана да се интензивира во текот на 2009 година, а од 22 јули 2009 година практично нема да помине ден, а да не сум предмет на нова публикација полна со лаги.
„Блиц“ посебно пишуваше за мене, ставајќи ме на насловни страници во повеќе наврати:

– 23 јули 2009 година: Кнежевиќ го поврза Цане со девет убиства (доказ 43);
– 25 јули 2009 година: Ѓукановиќ и Цане и во швајцарското обвинителство (доказ 44);
– 27 јули 2009 година: Станишиќ и Цане ја оштетија Србија за 300.000.000 евра (доказ 45);
– 12 август 2009 година: Цане и Ѓукановиќ ги елиминираа своите противници (доказ 46);

Многубројни написи, исто така со клеветничка природа, беа објавувани и во други водечки весници, посебно во „Вести“ и во „Дан“.

 

ВИНОВНИЦИТЕ ЈА ЗЛОУПОТРЕБИЈА ПОЗИЦИЈАТА

Тие клевети добија замав во текот на следните месеци. На 24 октомври 2009 година беше емитувана репортажа во траење од десет минути во текот на вториот дневник на РТС. Во текот на таа репортажа беше повторено дека сум одговорен за убиството на Иво Пуканиќ (доказ 47).

После тоа следеше серија на написи кои содржеа лаги, кои беа објавувани во најголемите весници, од октомври до ноември 2009 година (докази 1-8). Нападите беа продолжени со истата сила од почетокот на судењето на обвинетите за убиството на Иво Пуканиќ, во февруари 2010 година (докази 9-18 и 56)

Резимирано, изнесени се следниве лажни обвинувања:

– јас сум нарачател на не помалку од девет убиства,
– јас сум шеф на тутунскиот картел,
– тој картел има воено крило и група на истренирани луѓе кои се подготвени за убиваат за малку пари,
– вмешан сум во операцијата за перење на пари, кои се заработени од шверцот со дрога,
– обвинет сум во рамките на кривичната постапка која се води против мене во Швајцарија,
– сум ја оштетил Србија за 300.000.000 евра, така што за себе сум приграбил државен имот,
– група на луѓе се состанувале кај мене и одлучувале за животот и смртта на другите,
– јас стојам зад заканите кои се испратени кон председателот Борис Тадиќ.

Во текот на таа интензивна кампања, јас на милиони читатели и гледачи им бев претставен како најголем криминалец на Балканот, кои не можеа да не бидат убедени во вистината на таквите идентични информации кои ги пренесуваше националната телевизија и најголемите водечки весници. Додека јас во потполност бев оневозможен да ја докажам вистината.

Треба да се подвлече дека најголемите напади доаѓаа од страна на Ратко Кнежевиќ, кој лично беше доведен во врска со шверцот на цигари и кој е далеку од тоа да му се верува (доказ 48-52).

Што се однесува до мојата ситуација, јас не сум осудуван (докази 51 и 54), а лагите кои се искажани на моја сметка се посебно сериозни, со оглед на тоа дека никогаш не сум осудуван во ниту една земја во која што сум живеел, ниту за најлесни прекршоци, а се работи за сериозни земји како што се Швајцарија, Франција и Шпанија.

Нема никави соменавања дека сите споменати кривични дела се можни, само заради тоа што сите виновници ја злоупотребуваат својата функција и својата положба која ја уживаа во општеството, што бара казна за пример!

Поврзани новости