И сообраќајната полиција ќе може да пишува казни за навреда на Бате Саше

by lali 12:13
12:13

Ова е предвидено со Законот за заштита на честа и угледот на Сашо Мијалков кој наскоро ќе влезе во собраниска процедура. Потребата од овој закон произлегува од преоптовареноста на судовите со предмети за навреда и клевета поврзани со ликот и делото на овој наш полициски деец.

– Со новите норми ќе се забрза многу постапката на казнување. Најголемата новина е што и сообраќајната полиција може да ви пише казна за уривање на угледот на Мијалков. Ова е во корист на граѓаните зашто може на лице место да си ја платат казната или дури и да ја заменат за казнени поени ако не е посериозна клевета и така да избегнат судски трошоци. Еве земете го “Фокус” за пример. Од 9.000 евра, една третина се за адвокати и судски трошоци – велат извори во Собранието.

- Advertisements -

Ако се возите во такси и таксистот ви се жали дека откако Сашо влегол во бизнисот, маме им се е…., веднаш треба да го пријавите случајот во најблиската полициска станица. Или ако истото ви се случи во обложувалница, супермаркет, во лифт или на кое било друго јавно место. За непријавување, се одговара како соучесник.

На прашањето дали ќе има и бесплатен телефон на кој ќе може да се пријави нарушување на честа и угледот на првиот човек на ДБК, ни беше одговорено дека може да се пријави на кој било телефон, сите ги слуша.

Поврзани новости