Димовски: Нема да предложиме потпретседател на Собранието

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ нема да достави предлог за едно од петте потпретседателски места на Собранието, што и следува на опозиција согласно деловникот, изјави пред новинарите во Илија Димовски од ДПМНЕ.

-Кажавме дека сме против тоа да има пет потпретседатели на Собранието. Нема да го поддржиме овој предлог и нема да го поплниме местото со наш предлог. Ние одамна укажуваме дека Собранието не функционира како што треба. Вчерашниот настан, кога не беа изгласани препораките за подобрување на човековите права, е потврда за тоа. Имаше пратеници, но смешно е што не дадоа поддршка – рече Димовски.

 

Поврзани новости