Пратениците биле дефокусирани и збунети и затоа не гласале за мерките за подобрување на човековите права, вели Тунтев

by fokus

Пратениците на вчерашната собраниска седница не гласале за предложените мерки на народниот правобранител, Иџет Мемети, затоа што биле дефокусирани и збунети, вели координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев. Тој потврди дека вчера во Собранието имало доволен број пратеници за кворум, па причината за неизгласување на предложените мерки за подобрување на човековите права ја префрли на нивната немарност.

-Тоа беше техничка грешка. Имаше доволен број пратеници за гласање, но пратениците од мнозинството, можеби дека беше прва точка, беа дефокусирани па не гласаа. Инаку имаше доволно пратениците да бидат изгласани препораките на омбудсманот – изјави Тунтев.

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, пак рече дека настанал превид и техничка грешка. Партиите се договориле да ја исправат грешката со тоа што ќе биде усвоен малку видоизменет предлог за да се запази процедурата.

-Извешатајот на Народниот Правобранител со мала формална измена ќе се најде повторно на дневен ред и ќе биде усвоен – рече Тунтев.

Поврзани новости