Димитров за протерувањето на рускиот дипломат: Ова можеби ќе ни донесе и поискрени односи

by fokus

Овој наш потег може дури да води и кон поискрени односи, рече министерот за надворешни работи, Никола Димитров во вечерашното гостување на телевизија Телма коментирајќи ја одлуката за протерување на рускиот дипломат.

-Градењето вистински пријателски односи подразбира и почитување на правата и искреност. Овој наш потег може дури да води и кон поискрени односи. Непосредно пред овој случај, ние добивме две пораки за нашето членство во НАТО и наводното лошо и негативно влијание на овој потег на нашите односи со Руската Федерација. Таа порака не е пријатна ако се земе предвид дека 70 отсто од граѓаните на Македонија се за членството во НАТО, дека и сите поважни политички партии се за нашето членство во НАТО. Да не заборавиме дека да не беше Грција, ние веќе ќе бевме членка на НАТО уште во 2008 година, рече Димитров.

Тој додаде дека посигурни сме ако даваме јасни и прецизни сигнали каде сакаме да одиме.

Поврзани новости