Џамбо Агушев во корејско – американски филм: Ќе се сети ли државата на нас?

by Fokus
Струмичкиот крал на трубата, Исеин Агушев, алијас Џамбо Агушев е автор и композитор на музиката за корејско – американскиот филм ,,Окџа.
Филмот бил презентиран во Кан, Франција, а Џамбо вели дека околу музиката му помогнал неговиот орекстар Џамбо Агушеви, Шукри Абдулов и Благојче Трајковски.
,,На презентацијата на филмот во Кан, сите присутни станаа и долго аплаудираа. Тоа е голема гордост за мене, за мојот оркестар и за Македонија, која што ја промовираме на највисоко ниво низ целиот свет. Се надевам дека државата ќе се сети на нас, барем да ни се заблагодари за успехот – порачува тој.
Џамбо ја продолжи семејната традиција и го направи орекстарот Агушеви познат во целиот свет, а во фебруари годинава гостуваше и во популарната британска телевизија ,,Би – Би – Си.
Има редовни турнеји низ целиот свет со својот оркестар, освоено голем број на награди, а од светските музички експерти постојано добива комплименти за својата работа.

Вики Клинчарова

Поврзани новости