Пожар во РЕК Битола, еден работник префрлен во болница

by fokus

Попладнево избувнал пожар во РЕК Битола, при што еден работник со изгореници е пренесен до битолската болница, каде што по извршената медицинска интервенција, се наоѓа надвор од животна опасност.

Како што соопштија од РЕК Битола, поради ненамерна човечка грешка, денеска нешто по 13 часот, при рутинска манипулација на 6 киловолтната постројка на блок 1 на РЕК Битола, дошло до пожар на дел од кабловските системи,кој со навремена интервенција на надлешните служби на комбинатот бил неутрализиран и изгаснат.

Блокот 1 сега е надвор од фунција.

-Како резултат на ова, проработи заштитата што доведе до исклучување на блокот 1 на РЕК Битола, на кого во моментот стручни екипи на комбинатот работат на негова санација и се очекува во текот на утрешниот ден блокот да влезе во функција.

Снабдувањето со електрична енергија на тарифните потрошувачи се одвива нормално, од останатите производни капацитети на ЕЛЕМ, се вели во соопштението од РЕК Битола.

Поврзани новости