481
Претседателот на Народното движење за Македонија, Јанко Бачев, денеска одржа прес конеференција на која обвини дека четирите политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА тајно се договориле за вработување на 600 полицајци во МВР.
-Јавноста не знае за џентлменски договор со кој партиите се согласиле од шестоте нови полициски службеници, 25 проценти да бидат вработени преку ДУИ и ДПА, а останатите преку СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, со што МВР станува приватна фирма и партиски штаб поделен меѓу власта и опозицијата, рече Бачев.
Тој додаде дека партиите потписнички на договорот за решавање на политичката криза, работат за лични интереси и го свеле Министерството за внатрешни работи на проценти со што ја загрозуваат безбедноста на државата.