Груевски: Нормално е да има незадоволни во секоја партија после договорот

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, при денешната посета на Охрид изјави дека нормално е да незадоволство во секоја од партиите по постигнатиот договор.

-Негодувања може да има во секоја партија. Слушам дека има и во СДСМ, има и во ДУИ, веројатно и во нашата партија некој мисли дека можело да биде подобро. Тоа е нормално кога се прави еден таков чекор, којшто ќе овозможи спроведување на работите што беа договорени во Пржинскиот договор, изјави Груевски.

Тој додаде дека се надева дека СДСМ нема, како што рече тој, повторно да бара одложувања и да бојкотира.

Поврзани новости