До вторник ќе бидат објавени имињата на спорните гласачи

by fokus

До вторник, на веб страницата на ДИК ќе бидат објавени имињата на спорните записи во Избирачкиот список. Се работи за 39.502 гласачи кај кои, при административната проверка се добиени различни или невозможни податоци, а при теренската проверка, луѓето не се пронајдени, информира Телма.

Сега ДИК треба не само јавно да ги посочи, туку и да ги повика, доколку имаат валидни документи, да се јават во ДИК или во подрачните одделенија лично или по електронски пат, за да докажат дека имаат избирачко право.

Поврзани новости