Македонија без кандидат за Оскар, пријавените филмови не ги исполнуваат критериумите

by fokus

Ниту еден од пријавените филмови не ги исполнува естетските и наративните критериуми за да биде македонски кандидат за Оскар, од неанглиско говорно подрачје, одлучи Комисијата за избор на македонски кандидат за Оскар.

Како што соопшти денеска Друштвото на филмски работници, Комисијата одлучила ниту еден од пријавените кандидати, „Кога денот немаше име“ на Теона Стругар Митевска и „Златната петорка“ на Горан Тренчовски да не ја претставува Македонија во трката за Оскар од неанглиско говорно подрачје.

Претседател на Комисијата за избор на македонски кандидат е продуцентот Роберт Насков, а членови се Вардан Тозија (режисер), Иван Бартлинг (сценограф), Марија Апчевкса (режисер), Роберт Јанкулоски (директор на фотографија), Атанас Георгиев (монтажер) и Жаклина Крстевска (костимограф).

Кандидат за номинација златната стауетка Македонија немаше ниту во 2013 година. Причината беше кавга меѓу филмаџиите по што се бараше оставка од претседателот на Друштвото. Двата филма меѓу кои се бираше се “Балканот не е мртов” во режија на Александар Поповски и “Соба со пијано” од Игор Иванов.

Поврзани новости