Заев: Стоиме зад кандидатот на ДУИ во Чаир, ќе дадеме поддршка и во други општини

by fokus

Премиерот, Зоран Заев, денеска потврди дека СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на ДУИ за градоначалници во повеќе општини. Поддршка ќе добие и досегашниот заменик министер во образование Висар Ганиу кој даде оставка затоа што ќе истрча во Чаир како фаворит на ДУИ.

-Стоиме зад него во Чаир, ќе го поддржиме затоа што е квалитетен кандидат. Не постојат сомневања за него. Ќе дадеме поддршка и во други општини каде што кандидатите се добри и работат во корист на граѓаните – рече Заев.

По однос на Законот за јазици, Заев ја коментираше дебатата во Собранието и рече дека е ова последен формален аспект од Рамковниот договор и дека останува договорот да ги исполни своите очекувања.

-Порано се носеа закони за јазици на шверцерски начин, без дискусија и консултации, без коментар од различни политички страни. Опструкциите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни, но нека продолжи дебатата, сакаме на транспарентен начин да носиме важни закони – рече Заев.

Поврзани новости