Зошто МВР не одговори на овие прашања?

by lali 11:03
11:03

МВР вчера прикажа специјална просторија во која се произведуваат македонските пасоши. Според она што го објавија медиумите, пасошите се произведуваат на модерни машини специјализирани за биометриски документи, а само една од машините тежи повеќе од 8 тона.

„Апсурдно е да се претпостави дека една ваква машина може да биде сместена во кој било стан и кој било лаик би можел да ја монтира и да произведува пасоши. Премногу е несериозно да се тврди за постоење на некакви фабрики во кои би се произведувале актуелните македонски патни исправи“, изјави Иво Котевски – помошник министер за односи со јавноста во МВР.

- Advertising -

Според МВР, македонските биометриски пасоши содржат преку 25 елементи на заштита поделени во неколку категории и се води строго контролирана постапка за вадење на секој  личен документ.

„Немало ниту еден случај, ниту една пријава од претседателот на ДИК, од кој било член на ДИК или пак од некој избирачки одбор “, додава Котевски.

Сепак, ваквиот став на МВР не дава одговор на неколку клучни прашања, ниту дава одговор дали е можно да постои таква „фабрика“ за која МВР не знае. Уредникот во Фокус Зоран Димитровски синоќа упати серија јавни прашања до портпаролот Иво Котевски, чии одговори засега остануваат непознаница.

Јавни прашања од Зоран Димитровски за Иво Котевски:

1. Дали за изработка на фалсификувани пасоши е неопходна машината на МВР која, како што велите, тежи 8 тони, или фалсификат пасоши може да се изработат и во домашни услови?

2. Дали разликата помеѓу фалсификуван пасош изработен во импровизирана работилница за пасоши и вистински биометриски пасош може да се забележи со голо око? Каква е полициската практика во оваа смисла?

3. Дали Државната изборна комисија (ДИК) и избирачките одбори за време на изборите располагаат со систем за проверка на автентичноста на личните биометриски документи – пасоши и лични карти, ист онаков систем со каков што располага полицијата на граничните премини?

4. Дали членовите на ДИК и членовите на избирачките одбори посетувале специјални курсеви во МВР за препознавање фалсификат пасоши или фалсификат лични карти?

Од одговорот на претходните прашања зависи и одговорот на прашањето зошто, како што тврдите заедно со министерката, немало пријави за фалсификувани пасоши од ДИК за време на минатите изборни циклуси!

Се друго е ПРОПАГАНДА!

Поврзани новости