Зоран Божиновски екстрадиран во Македонија

by Фокус 10:03
10:03

Македонскиот новинар Зоран Божиновски кој вчера беше уапсен во Нови Сад, синоќа е екстрадиран во Македонија, соопштија од МВР.

“Постапката беше завршена синоќа околу 21.30 часот. Неа ја спроведува Министерството за правда, а МВР беше известено за постапката”, соопштија од МВР.

- Advertisements -
Banner 300x250_

Министерот за правда на Србија Никола Селаковиќ ја потпишал одлуката за екстрадиција на Божиновски веднаш откако судот решил дека се исполнети сите претпоставки за негово испорачување.
Зоран Божиновски беше уапсен вчера во Нови Сад, по потерница од македонските власти за случајот “Шпион“ Божиновски веќе еднаш беше во екстрадиционен притвор но пред три години беше пуштен на слобода и досега ја чекаше одлуката за азил од српските власти, кој не успеа да го добие.

 

Поврзани новости