Касами: Веќе е најавено дека „ВРЕДИ“ ќе биде дел од наредната влада

by Fokus

Биљал Касами – претседателот на Движењето Беса кое е дел од албанската опозициска коалиција „ВРЕДИ“ денеска во Тетово изјави дека, како што веќе е најавено, нивната коалиција ќе биде дел од наредната македонска влада. Според него, новата влада, дури и со ВМРО-ДПМНЕ, полесно ќе ги изгласа уставните измени.

– Ќе има европска влада, влада во која коалицијата „ВРЕДИ“ веќе е најавено дека ќе биде дел. Во таа влада, се разбира, кажавме и кажуваме дека го гарантираме интегрирањето на земјата во ЕУ и унапредувањето на правата на Албанците. И претходно имаме кажано дека во таква влада ќе биде многу полесно, дури и ако ВМРО-ДПМНЕ е во таа влада или која било политичка партија, да се изгласат уставните измени. Затоа, кога велиме дека ќе се изгласаат уставните измени и ќе се изгласат. Ние не сме како ДУИ која за 10 години коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ не направи ниту најмал чекор кон интеграција во Европската Унија – рече Касами.

Градоначалникот на Тетово нагласи дека нивната коалиција е „гарант на уставните измени и унапредувањето на правата на Албанците“.

Поврзани новости