Шарената револуција продолжува

by Фокус

Денеска во 18 часот граѓанското здружение „Протестирам“, најавува нов протест што ќе почне пред Специјалното јавно овбинителство.

„Ние, граѓанките и граѓаните кои во борбата за правда и демократија, здружени протестираме низ улиците на Македонија во име на слободата, правдата и еднаквоста, нагласуваме дека преговори во овие услови се неприфатливи.“, пишува Протестирам на својата фејбук страница.

Вчерашните протести кои како и секој ден почнаа пред Специјалното јавно обвинителство, завршија пред Владата која беше офарбана во боја од страна на демонстрантите. Тие, исто така истурија и различни бои по целата улица пред Владата со цел да ја прошират шарената револуција

Поврзани новости