Поповски на средба со Коѕијас во Солун

by Фокус

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски и шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас попладнево имаат средба  на маргините на Регионалниот состанок за подобрување на соработката во справување со бегалската криза кој вчера и денес се одржува во Солун.

Двајцата министри на денешната средба ќе разговараат за унапредување на билатералните односи меѓу Македонија и Грција и зајакнување на соработката во справувањето со заедничите предизвици како што е мигрантската криза. Воедно тема на разговор ќе биде и претстојниот состанок за мерките за градење доверба кој треба да се одржи на почетокот од наредната седмица во Скопје.

По денешниот состанок на министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Бугарија и Албанија, Попоски ќе има билатерална средба и со шефот на бугарската дипломатија Даниел Митов.

Поврзани новости