Зоолошката градина Скопје в петок ги отвора вратите за посетителите

by Fokus

По двомесечната пауза поради пандемијата со корона вирусот, ЗОО Скопје по се изгледа дека во петок ќе ги отвори вратите за посетителите.

-Да. Имаме најава за петок. Ние сме спремни. Пандемијата е смирена и сепак Зоолошката е голем отворен парк, кој може да се контролира. Ќе работиме по протокол. Целосна дезинфекција, вработените маскирани, дезинфекција за посетителите. Редари ќе внимаваат на растојанието и се што е потребно. Посетителите се нестрпливи, секојдневно прашуваат и се надеваме дека во петок ќе отвориме – истакна Ѓорѓи Галетановски, директор на скопската Зоолошка градина.

Поврзани новости