Знаевме кого да го избереме за градоначалник, велат валандовчани

by Fokus

Со многу народ на градскиот плоштад, како локално население, така и гости од речиси сите градови, синоќа во Валандово се одржа втората вечер од манифестацијата Фолк Фест Валандово 2022.

Новитетот, наместо да се одржува натпреварувачка вечер единствено во фестивалската сала, да се одржат и две концертни вечери на отворено, како што за ,,Фокус” појаснуваат валандовчани, се покажал како многу позитивен, бидејќи градот буквално заживеал во полн сјај.

-Сето ова е идеја на нашиот градоначалник Перо Костадинов. И самите гледате, центарот на градот е преполн со гости, полни се угостителските капацитети, овие три дена носат многу повеќе работа, но и забава за валандовчани. Фестивалот на новокомпонирани фолк мелодии секоја година ни го заживуваше градот, но со оваа промена и концертите на отворено, се направи полн погодок. Костадинов е релативно млад човек, но се покажа како одличен менаџер на општината, кој прави добри проценки кои се во интерес на неговите граѓани. Знаевме кого да го избереме за градоначалник – гордо ни раскажаа жители на општината кои се забавуваа со песните на ,,Љубојна” и Владо Јаневски.

Не ја кријат гордоста што Валандово годинава е избран да биде организатор на манифестацијата ,,Град на културата” откако понудил програма со дури 69 проекти од сите дејности, со учество на многу домашни уметници и автори.

Градот на калинката, лулката на новосоздадената фолк музика, а годинава и град на културата, и вечер очекува голем број на посетители за време на одржувањето на натпреварувачката вечер на фестивалот, кој слави 35-годишен јубилеј.

-Ме радува што гледам мноштво расположени лица, што на моите граѓани им се допадна новиот концепт на нашиот традиционален фестивал. Манифестацијата продолжува и денес, валандовчани ја покажаа својата вродена гостпопримливост пред многубројните посетители. Недостигаше еден ваков настан, се надевам дека сите кои деновиве ни доаѓаат во Валандово ќе си заминат со добри впечатоци и ќе понесат убави спомени од манифестацијата – ни изјави Костадинов кој беше помеѓу граѓаните во текот на целата вечер.

Фото Роман Зозулиа

Поврзани новости