„Жолтите елеци“ кон француските граѓани: Испразнете ги банкарските сметки

by fokus

Активисти на „жолтите елеци“ побараа од француските граѓани да ги испразнат своите банкарски сметки и да тргнат во масовен поход на банките.

Повикот следува во пресрет на деветиот викенд протести во Париз и ширум Франција, а демонстрантите се надеваат дека тој потег ќе ја натера Владата да ги сослуша нивните барања, пред се нивниот повик на подиректна демократија преку можноста граѓаните да предлагаат нови закони.

Поврзани новости