Живко Пејковски, директор на „Идризово“ бара од Иванов да ја повлече одлуката за аболиција

by Фокус

Живко Пејковски, директор на затворот во Идризово до Претседателот Иванов поднел писмено барање да се повлече одлуката за аболиција за него.

-Бидејќи како чесен човек и директор на затворот Идризово тврдам дека никогаш немам направено никакво кривично дело и со поништувањето на вашата одлука барам постапката против мене да продолжи и својата невиност да ја докажам во законита постапка, пишува Пејковски во барањето до претседателот во кое вели дека и покрај почитта за одлуките на Иванов и мотивите на постапката бара да се повлече одлуката за негово помилување, напишал Пејковски во писменото барање до Претседателот, јави Фактор.мк.

Иванов ги повика сите аболирани, кои не се согласуваат со аболицијата да испратат барање за нејзино поништување, па неговиот тим да разгледа дали е тоа можно. Од неговиот кабинет досега нема решение по ваквите барања.

Поврзани новости