Жерновски: Точно е дека односите со Шиповиќ се нарушени

by fokus

Од кабинетот на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, потврдуваат дека не е се во најдобар ред меѓу градоначалникот и претседателот на општинскиот совет, Мирослав Шиповиќ. Жерновски, велат од таму, се подготвува од граѓаните да побара втор мандат на локалните избори. Шиповиќ, пак, ја саботира неговата кампања со серија коментари и објави на социјалните мрежи каде го обвинува Жерновски за незаконско управување со Општината.

-Точно е дека односите со Шиповиќ се нарушени, но тоа дојде откако со гласањето на Шиповиќ, ВМРО-ДПМНЕ изгласа нов ДУП за Водно, со што се оствари целта за изградба на десеткатница на Водно. За кого работи или одработува не е наше. Градоначалникот  Андреј Жерновски се подготвува за локалните избори – велат од неговиот кабинет.

Некогаш втор човек на Жерновски, сега Шиповиќ му е непријател број еден. Во своите постови на социјалните мрежи советникот од СДСМ го обвини градоначалникот за несовесно работење, а во последниот коментар тврди дека Жерновски се шетал во Франција на сметка на Општината. Од Општината пак го демантираат тоа. Велат дека се работи за службени патувања во кои Жерновски остварил средба со градоначалникот на Париз.

Инаку, се поизвесно е дека Жерновсаки на локалните избори ќе има ривал од СДСМ. Од владејачката партија најверојатно ќе го кандидираат директорот на јавното претпријатие „ПОЦ“, Саша Богдановиќ со што би можело да дојде до поделба на гласачкото тело.

Поврзани новости