375
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, во синоќешното гостување на „Топ тема“ на телевизија Телма изјави дека и втората контрола покажала дека балконот од зградата на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје е нелегален и наскоро ќе се донесе одлука за негово уривање.
-Ако е законски тогаш е се во ред, ако не е законски, тогаш ние ќе интервенираме. Тоа не е настрешница, тоа е балкон. Прашање на време е кога ќе се издаде решението за уривање, по што, се надевам, со асистенција на полицијата тоа ќе го сториме, рече Жерновски.
Градоначалникот на општина Центар вели дека не се работи за политички реваншизам, туку за спроведување на законите.