Груевски отиде во Охајо по нови инвеститори

by Фокус

Владина делегација на чело со премиерот Никола Груевски од вчера престојува во американската сојузна држава Охајо, каде ќе учествува на повеќе бизнис форуми.

На првиот форум одржан вчера во Колумбус, главниот град на Охајо, владина делегација предводена од премиерот Груевски ги презентирала поволностите што ги нуди Македонија за привлекување странски инвестиции и за отворање нови работни места пред бизнисмени од повеќе сектори.

Покрај учество на бизнис форуми, македонската владина делегација ќе има средби и со македонската дијаспората во повеќе градови во САД.

Поврзани новости