Жерновски: Падот на Груевски почна и ќе заврши во Центар

by fokus

Градоначалникот на општина Центар, Андеј Жерновски, по прес конференцијата на која СЈО објави дека денеска ги поднесува првите две обвиненија од кои едното е за демолирањето на општина Центар, се обрати на својот Фејсбук профил.

Центарци, вие сте хероите!

Како што ми напишаа на Твитер, фантастично е чувството дека правдата е достижна. И навистина е, но за тоа и такво чувство, заслужни се многумина од Вас. Се разбира,особено така треба да се чуствуваат центарци.

Денес треба да се горди сите оние кои на изборите во 2013 година докажаа дека се поистрајни и посилни од власта на Груевски!

Сите оние, кои и покрај бескрајните притисоци и закани, излегуваа цели три круга на локалните избори, со што покажаа и докажаа дека волјата на граѓаните е посилна од стапот и криминалот на власта. Сите оние кои ја натераа излудената власта да демонстрира сила и фрустрација, за која сега конечно ќе одговара пред суд.

На сите Вас, кои со својата истрајност ја натеравте власта да го прикаже своето вистинско криминално и насилно лице, Ви благодарам!

Падот на Груевски почна и ќе заврши во Центар! Ова е голем ден за враќањето на правдата во Македонија.

Денеска сме уште еден чекор поблиску до ослободување на нашата Македонија од канџите на режимот.
Продолжуваме понатаму.“

Поврзани новости