Заев: Целиме кон просечна плата од 30 илјади денари

by fokus

Ќе поттикнеме раст на сите плати во Македонија, со што ќе ја покачиме и просечната плата покрај минималната плата. Просечна плата од 30.000 денари е она кон што целиме, вети претседателот на СДСМ, Зоран Заев при вчерашната посета на Прилеп.

-Фирмите ќе добијат за ново вработување годишна државна поддршка од 108.000 денари, или по 9.000 денари за месечно исплатена бруто плата. Ова е една од мерките за поддршка на домашните фирми. Ова што го зборуваше претседателот на СДСМ, Зоран Заев, со дуќанџиите од прилепската Чаршија, е порака за сите сопственици на домашни претпријатија и за вработените кои сега стравуваат за своите работни места и за опстанокот на фирмите. Луѓето ќе имаат пари. А кога граѓаните ќе имаат пари, ќе има и промет, ќе има и добар животен стандард. Тоа ќе се случи по промените во декември, велат од СДСМ во своето соопштение по повод посетата на Заев на Прилеп.

Поврзани новости