Жбогар: Колку посилни односи со соседите, толку поголема поддршка во ЕУ

by fokus

Од Европската Унија очекуваат наскоро да се финализира најавениот договор за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија бидејќи секогаш е добро кога настојувате да имате добри односи со соседните земјите. Ова во изјава за медиумите го посочи шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Самоуел Жбогар.

Евроамбасадорот посочи дека колку се посилни односите со соседите кои се дел од европското семејство, толку земјава ќе има и поголема поддршка од истите во ЕУ.

„Охрабрени сме од неодамнешните посети на премиерот во Софија и на министерот за надворешни работи во Атина. Никогаш не правите грешка ако градите пријателство. Очекуваме, како што беше најавено, договорот помеѓу Македонија и Бугарија да биде финализиран и дека истиот ќе биде и потпишан во август“, изјави Жбогар, надевајќи се дека за тој ќе биде и тема на дебата во Собранието.

Поврзани новости