Земјотрес во Грција

by Fokus

Земјотрес со интензитет од 3,5 степени според Рихтеровата скала го погоди Самос во Грција. Потресот се случил во текот на ноќта, околу два и пол часот по полноќ.

Епицентарот се наоѓа на 16 километри североисточно од Карловаши Самос, а на длабочина од 12,5 километри.

Како што пренесуваат грчките медиуми, на овој земјотрес, околу полноќ му претходело малку послабо тло.

Силен земјотрес од 6,9 степени го погоди ова туристичко место во октомври 2020 година.

Поврзани новости