Земени изјави од директорката и вработените во градинката во Гевгелија

by fokus

Откако вчера во јавноста се појави видео на кое се слуша силно плачење на дечиња во гевгелиска градинка, а според Јулијана Ортаковска, која го објавила видео записот на својот „фејсбук“ профил, негователката им се обраќала на децата со погрдни зборови (кучко, краво една), од Министерството за труд и социјална политика испратија инспекција во градинката. Оттаму денеска информираат дека по извршениот инспекциски надзор и дале неколку задолженија на директорката.

-Во рамки на извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на службите за инспекциски надзор за заштита на децата земени се изјави од директорката и од вработените во градинката. Директорката е задолжена со следното: веднаш да се утврди правилно фактичката состојба и врз основа на тоа да се поведе постапка за утврдување на одговорност, односно ако најде докази дека со повредата на прописите е сторен прекршок, потешка повреда на работната дисциплина, неизвршување, несовесно и ненавремено извршување на работите и работните задачи или кривично дело, да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка,  иницијатива за покренување на дисциплинска постапка или пријава за сторено кривично дело, согласно член 261 став1 алинеја 2 од Законот за заштита на децата, информираат од министерството.

Поврзани новости