Зеленски се обрати на Преспа форум: Влез во ЕУ на Украина и на Западен Балкан

by fokus

Полноправното членство на Украина како и целосната европска интеграција на вашите држави е историско зајакнување на Европа и целосно демонтирање на руската способност да не победи поединечно. Потребен ни е позитивен одговор на нашата и на вашата европска перспектива и благодарен сум што работиме на таа цел заедно, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќањето на сесијата на високо ниво „Што после војната во Украина?“, во рамки на Преспа форумот за дијалог што се одржува денеска и утре во Охрид.

– Сега е историски момент за Европа и европската безбедност, кога сите треба да одлучат – што е Европа и каква ќе биде Европа во иднина. Дали ќе биде слободна како што е сега? Дали ќе биде безбедна како што се навикнати повеќето Европејци? Дали ќе биде социјално и економски развиена, и што ќе ги инспирира општествата надвор од нејзиниот континент?, праша Зеленски кој беше специјален гостин на Преспа форумот.

Тој нагласи дека за Украина ова е најстрашниот воен предизвик и оти украинскиот народ се брани веќе 113-ти ден од, како што рече, руските амбиции да го уништат украинскиот народ и култура.

– Русија сите нас не предизвика – секоја нација на континентот, секој регион во Европа. Почнувајќи ја оваа војна против Украина, Русија се обиде да направи oтскочна даска за напад врз други нации во Европа. Затоа нашата одбрана во оваа војна е од фундаментално значење за безбедноста на секого во Европа, нагласи Зеленски.

Сите ние во демократскиот свет, продолжи украинскиот претседател, се соочивме со енергетска криза без преседан.

Поврзани новости