Бојан 13 во полициска станица со адвокатот Туфегџиќ, по пријавата дека загрозил нечија безбедност

by Fokus

Бојан Јовановски- Боки 13 дојде во полициската станица во Кисела Вода, каде што е повикан на информативен разговор поради пријава дека загрозил нечија безбедност. Тој внатре влезе во присуство на адвокатот Владимир Туфегиџиќ.

Јовановски го бараше полиција додека беше на подкаст, тој обвини дека е обид за замолчување. Посочи дека пријавителот е Зоран Милески-Кичеец, за кого посочи и дека бил лице кое му се заканувал преку други за да не гостува.

Поврзани новости