Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази надеж дека војната против Русија наскоро ќе заврши и дека американскиот претседател Трамп ќе помогне во тоа.
Во изјава по средбата со Трамп на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, Зеленски рече дека е неопходно војната да се заврши што е можно поскоро, „по можност пред зимата“, пренесува „Укринформ“.
Тој исто така му се заблагодари на Трамп за потпишувањето на законот инициран од републиканскиот сенатор Линдзи Греам, кој овозможува значително заострување на санкциите против Русија.
По средбата со Зеленски, Трамп изјави дека смета оти Русија и Украина наскоро ќе постигнат договор.
„Мислам дека нешто ќе се случи“, рече Трамп, одговарајќи на прашањето на новинарот дали Украина ќе мора да се откаже од нешто за да се заврши војната.
Трамп истакна дека Украинците се „многу способен народ“ кој има „многу способно раководство“, алудирајќи на Зеленски.
Според Трамп, рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да се сретне и да разговара за завршување на војната во Украина.