Зеленски: Наскоро ќе извезуваме оружје, така ќе ја плаќаме одбраната

by irena 12:35
12:35

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека неговата земја ќе започне со извоз на оружје следната година за да ја финансира својата одбрана од руска инвазија.

– Благодарение на овој контролиран извоз, ќе продолжиме да произведуваме беспилотни летала за бојното поле, рече Зеленски.

Домашното производство на дел од оружјето веќе ја надмина побарувачката, рече Зеленски.

„Еден пример се поморските беспилотни летала, на кои светот смета и од кои имаме премногу, како и противтенковско оружје и некои други видови“, истакна Зеленски.

Сепак, приоритет сè уште ќе биде испорака на оружје на фронтовските линии и надополнување на украинскиот арсенал.

Концепт за извоз ќе се развие во текот на следните две недели.

Украина ќе даде приоритет на извозот и соработката со Соединетите Држави, проследено со испораки до европските партнери, а потоа и други земји заинтересирани за украинско оружје кои досега го поддржуваа Киев.

„Украина нема да го дистрибуира своето оружје како „добротворна организација“ на оние на кои не им беше грижа за Украина“, рече Зеленски.

Слични вести