85
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека има многу позитивен став кон Михаил Федоров, но смета оти тој е поттикнуван да прави „погрешни работи“.
„Навистина имав и сè уште имам многу позитивен став кон Михаил. Заедно поминавме низ многу нешта. Но, сметам дека тој самиот се впушта, или пак е туркан, кон погрешни работи“, им рече Зеленски на новинарите, пренесува „Укринформ“.
Зеленски наведе дека, по оставката на владата, му понудил на Федоров четири различни формати за понатамошна работа во владата, но тој ги одбил сите понуди.