Зеленски ги обвини САД за недоволна помош по 78 загинати за два дена

by irena 16:11
16:11

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги обвини САД дека немаат волја да ѝ помогнат на Украина да се одбрани, откако на 8 октомври соопшти дека руските напади во претходните два дена однеле 78 животи, а 215 луѓе биле ранети, пренесе Ројтерс.

Зборувајќи пред новинарите во Прилуки, тој побара проширен пристап до сателитската услуга „Старлинк“, за Украина да може да ги погодува руските лансери за балистички ракети.

„Дајте ни го, помогнете ни да го одбраниме нашето небо“, кажа Зеленски за „Старлинк“.

Тој ја критикуваше американската политика на разговори за идни економски проекти со Русија, додека Вашингтон истовремено посредува за завршување на војната. Реагираше и на оцената на американскиот државен секретар Марко Рубио дека конфликтот е во застој.

Изјавата следуваше по нападите врз Краматорск. Според градските власти, во нападите на 8 октомври таму загинале вкупно 35 луѓе.

Асошиејтед прес објави дека руска наведувана бомба експлодирала покрај автобуси со патници во источна Украина. Агенцијата извести и за 22 загинати, меѓу кои пет деца, во претходниот ракетен напад врз Прилуки.

Зеленски најави разговори на украински претставници со американските партнери на 9 и 10 октомври. Противвоздушната одбрана ќе биде меѓу темите, а тој побара од Доналд Трамп да го зголеми санкцискиот притисок врз Русија.

Слични вести