2
Група од 40 мигранти била спречена да влезе во Македонија во близина на границата со Грција, во атарот на гевгелиското село Моин, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, полицајците испукале предупредувачки истели во воздухот.
„На 8 октомври околу 17:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица ја забележале групата на местото викано „Ќупот“. При преземањето на мерките, полицајците испукале неколку предупредувачки истрели во воздух. Петнаесет мигранти биле лишени од слобода и предадени во Прифатно-транзитниот центар во Гевгелија за понатамошна постапка“ соопшти МВР.
Случајот е евидентиран од надлежните полициски служби.