Зекири: Срамота! Езџан многу повеќе ја сака земјава отколку тие квази патриотчиња

by fokus

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, го коментира скандалот што се случил вчера во ресторан во Прилеп, каде што македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски, како што тврди, бил непожелен само затоа што заедно со неговото семејство зборувале на албански јазик.

„Срамота е најблагиот збор кој може да се каже по оној СКАНДАЛ што му се случил во Прилеп на нашиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиовски кој родум е од прилепско Црнилиште и кој на најдостоинствен можен начин ја претставува нашата земја во светот….
Популарниот Џани на кој му се поклонуваат во Англија каде ги брани боите на Лидс, замислете само затоа што зборел на својот мајчин албански јазик со своите родители, не му било дозволено да руча во својот роден град…
Има ли поголема СРАМОТА од ова???!!!
На секој натпревар за репрезентацијата гине на терен – и тоа зборува колку голем ЧОВЕК е ЕЗЏАН АЛИОВСКИ, а колку мали и НЕЛУЃЕ се оние кои денеска му го приредија скандалот во Прилеп!!!
Езџан, и не само тој, многу повеќе ја сакаат својата родна земја отколку ваквите квази патриотчиња и квази тврдокорни националисти.
ЗАСРАМЕТЕ СЕ!!!!“, напиша Зекири на фејсбук.

Според тврдењето на Алиоски кога пристигнал во ресторанот со неговото семејство и пријатели, првично им рекле дека нема место и се е резервирано, но дека успеале да најдат маса за него откако сфатиле кој е.

Поврзани новости