Зекири: СДСМ сега не мисли на избори, изборните рокови продолжуваат по вонредната состојба

by Фокус

Ќе го почекаме Талат Џафери официјално да се изјасни за нашата иницијатива за свикување на парламентот, па ќе ги разгледаме останатите опции што ни стојат на располагање, вели пратеникот на СДСМ Мухамед Зеќири. Во интервју за 24 вести, тој рече дека собраните 35 потписи се сосема доволни, бидејќи Деволникот за ваква иницијатива бара минимум 20 потписи. Според него, Уставот предвидува дека во воена или вонредна состојба парламентот може да се свика.

-Не ми е јасно зошто опозицијата бега од свикување на собранието. Ако е точно, како што обвинуваат, дека власта практикува некакво самоволие, како ВМРО-ДПМНЕ да не е дел од власта, тогаш зошто не сака да се активира собранието? Во однос на ДУИ, би прашал кога се во право – сега или во 2016 година, кога неколку пати се враќаа во парламентот – рече Зекири.

Тој додаде дека СДСМ моментално не размислува на избори, туку, како што вели, партијата е целосно концентрирана на ситуацијата со Ковид 19. Пратеникот на СДСМ посочува дека од тоа како ќе се развива заразата ќе зависи и оддржувањето на изборите. Сепак, наведува дека владината уредба предвидува дека прекинатите изборни рокови продолжуваат по завршувањето на вонредната состојба.

Поврзани новости