493
Почнува новогодишниот караван со хуманитарен карактер што го организира компанијата „Зегин“, кој прераснува во традиција. Од фирмата ги посетија дневните центри за посебни потреби и аутизам во Македонија.
Целта на овој хуманитарен караван е да се израдуваат децата, па затоа „Зегин“ секоја година на овој празник на децата што престојуваат во овие центри низ Македонија им носи подароци.
Компанијата „Зегин“ им однесе новогодишни пакетчиња и им приреди музичка претстава со цел да видиме среќа и насмевка на нивните лица. Овој проект е со поддршка на Министерството на труд и социјална политика и министерката Мила Царовска.