Прекинат штрајкот во Идризово, Владата ќе ги сослуша барањета за амнестија

by fokus

Осудениците во затворот Идризово денеска информираа дека го прекинуваат штрајкот со глад откако по средба со директорот добиле уверување за средба со Владата на која ќе ги претстават своите барања, пренесува Телма.

Затворениците бараат амнестија и за нив како и за 27-ми април, да се преиначат доживотните затворски казни во определени временски казни, ревизија на сите судски процеси за кои сметаат дека се монтирани и европско регулирање на статусот на затворениците од странство.

Поврзани новости